Теодора Џехверовиќ откри сѐ за болеста која за малку ќе ја чинела живот: Не смеев на никој да кажам

Теодора Џехверовиќ откри сѐ за болеста која за малку ќе ја чинела живот: Не смеев на никој да кажам

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката која е миленичка кај помладата публика зборуваше за големите проблеми со кои се борела, како и со бројните последици кои таа борба ги носела со себе...

Една од најатрактивните пејачки Теодора Џехверовиќ јавно зборуваше за големите проблеми со кои се соочувала, а поради кои животот и бил загрозен.

Имено, таа зборуваше отворено за тоа дека боледувала од булимија и дека се мразела себе доколку не ја поврати храната која ја јадела. Проблемите започнаа кога почнала да оди во балетското училиште и ги криела од семејството.

„Се соочив со булимија, бидејќи бев млада и не размислував нормално. Паднав психички во тој период, но излегов како победник од сето тоа и сега се смеам на сѐ. Тоа навистина беше проблем. Јас се мразев себе кога немаше да се исповраќам. Околу мене сите беа слаби. Сите јадеа што ќе посакаат, а јас доколку се напиев и вода се дебелеев. Тоа беше мојот проблем“ - раскажа своевремено Теодора. 

Пејачката успеала да се излекува, но и понатаму и се случува неколку дена да не јаде откако ќе се прејаде. Џехверовиќ денес важи за една од најзгодните пејачки која зрачи со самодоверба.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: