Ти благодарам за секоја грешка која дозволи да ја искусам: Ивона Јо го покажа својот татко, на кој му ги посвети најемотивните зборови

Ти благодарам за секоја грешка која дозволи да ја искусам: Ивона Јо го покажа својот татко, на кој му ги посвети најемотивните зборови

Објавена во: Совети // Семејство

Кумановката Ивона Јовановиќ, попозната како Ивона Јо, моментално е една од најбараните млади пејачки. Настапите кои ги има во преполните клубови и кафулиња веќе не можат ни да се избројат, а пред крајот на годината имаше и еден настап, на кој уште долго ќе се сеќава.

Имено, таа, со својот бенд, настапи како предгрупа на концертот на познатиот српски пејач Ацо Пејовиќ. Пред преполната А1 арена, Ивона ги пееше најпознатите хитови и ја загреваше публиката за настапот на српската ѕвезда.

Токму од овој концертен спектакл, пред неколку дена, пејачката сподели емотивно видео, на кое во прегратките на својот татко ужива во музиката која ја изведува Ацо. Покрај видеото напиша ги напиша и најемотивните зборови кои една ќерка може да му ги посвети на својот родител, со што ги разнежни своите обожаватели.

„Важен човек во животот на секоја девојка е таткото. Те учи несвесно на многу работи кои во иднината живот ќе ти значат. Татко мој!“ - започна Ивона, а потоа додаде:

„Ти благодарам за секоја лекција што ми ја покажа. За секоја грешка која дозволи да ја искусам. За секое присуство на приредбите дур се криеше позади столбот да не те видам, а грмогласно ракоплескаше и се гордееше. Во арената сакаше да седиш на трибини што подалеку од мене. Не ти беше дозволено затоа што треба од блиску да видиш и слушнеш што успеавме заедно да изградиме. Татко мој! Те сакам.“

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: