Тие имаат комплекси затоа што сакаат нивната ќерка да биде принцеза: Меган и Хари мета на критика поради овој потег
Фото насловна: Youtube/printscreen/BBC News
Јавните мислења се поделени
Пред една недела, 39-годишната војвотката Меган Маркл и нејзиниот сопруг, принцот Хари, кој е три години помлад од неа, добија девојче, Лилибет Дајана.
Парот веќе го има двегодишниот син Арчи, а во минатото изјавија дека сакаат да имаат само две деца.
Странските медиуми претходно пишуваа дека нивниот мал син навистина се радува на улогата на постар брат, а откако Меган пристигна дома со својата ќерка, на радоста и нема крај.
Двојката купи куќа во Санта Барбара минатото лето, а луксузната вила има девет соби, сепак две се‘уште по посебни. Еднатасоба му припаѓа на двегодишниот Арчи, а другата е украсена во сосема поинаков стил.
Иако нивната ќерка можеби ја нема титулата принцеза, таа веќе го доби својот замок, кој според обожавателите на кралското семејство изгледа прекрасно. Креветче со специјални деатли, две кули се поврзани со балкон, до кој се стигнува по скали. Сè е украсено во нежни и пастелни нијанси како разни плишани играчки.
Дрвја се насликани на sидовите на собата, а преку креветот е поставен кауч, каде веќе своето место го зазедоа големо плишано куче и перници во форма на срце.
Јавните мислења се поделени, додека некои сметаат дека е убаво, има и такви кои сметаат дека сето ова е претерано.
„Прекрасно, никогаш не сум била во игротека што изгледа вака, а камоли да имам украсена соба на овој начин“, „Благословено е девојчето, само нека ужива“, беа некои од коментарите.
„Ова е првиот чекор за да го разгалите детето и да го научите да има повеќе од другите. Тие би можеле да ги ограничат своите страсти", „Изгледа дека имаат некои комплекси затоа што очајно сакаат нивната ќерка да биде принцеза", се само некои од негативни коментари за кралството на малата Лилибет.
И, дворот на луксузниот имот во Монтезит е претворен во мини Дизниленд. Арчи веќе игра на имагинативни уреди прилагодени за деца од предучилишна возраст, а нема сомнеж дека неговата сестра ќе му се придружи веднаш штом ќе прооди.
Фото: Profimedia/Инстаграм