Тие му се најголема поддршка: Панчо по концертот во прегратка со пораснатите синови (ФОТО)
Панчо и Андреј познати како дуото ДНК изминатиот викенд направија голем концерт со кој прославија 20 години постоење на македонската музичка сцена.
Почнале ентузијастички, како деца, од нула, а 20 години потоа добија славенички концерт и полна сала. Сосема заслужено, си го остварија сонот и ги направија луѓето во публиката среќни.
Откако полека успеа да ги собере импресиите Панчо објави фотографија со неговите пораснати синови Андреја и Марјан, видно среќен и горд што присуствувале на овој голем настан за него.„Покрај сите вас кои бевте присутни на нашиот голем концерт, овие двајца ми беа најголемата поддршка на најбитниот ден во мојата кариера. После концертот дојдоа во бекстејџ за да ме гушнат, а тој момент е веќе врежан длабоко во моето срце. Дефинитивно мојата најголема инспирација, љубов и гордост. Дали се они горди на татко им, ќе треба да дознаете од нив“ - напиша тој во описот на нивната заедничка фотографија.