Тие не се само убави: 15 познати личнсти кои имаат IQ повисоко од големите генијалци

Тие не се само убави: 15 познати личнсти кои имаат IQ повисоко од големите генијалци

Објавена во: Совети // School zone

Помеѓу одличните актери има и такви кои првенствено сакале да студираат, а имало и такви кои биле пред докторат, пред да се посветат на филската кариера. На никој од нив успехот не му дошол преку ноќ.

Дури и коефициентот на интелигенција над 130 не гарантира дека некој ќе биде успешен во сè. Така, Шакира, на пример, својата прва песна ја напишала кога имала само 4 години, а Алберт Ајнштајн не знаел да зборува до таа возраст. Само 2,5% од населението може да се пофали со таков коефициент на интелигенција, а меѓу нив има и некои филмски и ТВ ѕвезди, кои иако не постигнале академски успех, може да се пофалат со голем успех на сцената. На крајот, не е важно дали некој направил кариера на Харвард или пред публика, зарем не?

Порталот Bright Side издвоил 15 - тина познати и популарни личности кои високиот коефициент на интелигенција го искористиле во музичкиот или филмскиот свет. Еве кои од нив може да се пофалат со ова:

# Шакира - зборува 5 јазици

Како што кажавме, својата прва песна ја напишала на 4 години, а првиот албум го издала на 13. Со коефициент на интелигенција над 140, сепак не заминала на факултет, туку за животот учела патувајќи од една на друга турнеја ширум свеотт. И не било залудно, пејачката зборува дури 5 јазици.

# Синди Крафорд - несудена хемичарка

Секогаш била одлична ученичка, дури и гимназијата ја завршила со посебна пофалница, како најдобра ученичка на генерацијата. Науката и се допаѓала, па добила стипендија за студиите по хемиско инженеринг. Но, еден убав ден ја „здогледала“ камерата, па светот изгуби одличен иженер по хемија, а доби - супермодел.

# Мет Дејмон - Оскар за сценарио

Според извештаите, IQ - то на Мет Дејмон изнесува дури 160. Сценариото за „Good Will Hunting“ започнал да го пишува уште додека го посетувал универзитетот Харвард. Иако никогаш не дипломиран, подоцна ќе освои Оскар за најдобро филмско сценарио, кое го доработил во соработка со Бен Афлек, кој го смета за своја сродна душа.

# Натали Портман - дипломиран психолог

Натали Портман дипломирала психологија на универзитетот Харвард, каде учествувала во трудот под наслов Активирање на фронталниот лобус за време на курсот. Зборува 5 јазици, а се проценува дека има 140 IQ. Но, кариерата ја остварила како актерка, а не како психолог.

# Крис Мартин има диплома за антика

Студирал на универзитетот „College London“, каде дипломиран на студиите за античкиот свет и со првокласни почести на грчки и латински јазик. Мартин на факултет ги запознал своите идни колеги од Coldplay, па така може да се каже дека интелигенцијата и вештините влијаеле на она што денес имаат добар бенд.


Следна страна

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: