Тие не се само убави: 15 познати личнсти кои имаат IQ повисоко од големите генијалци
# Квентин Тарантино - два Оскари и без диплома
На 14 години го напишал едно од првите сценарија и веднаш размислувал за следното. Никогаш не одел на факултет, но не му било потребно тоа. Резултат од IQ тестот му бил 160 и тоа веројатно е основа за освојувањето на два Оскари.
# Џоди Фостер ја забавила својата кариера поради дипломирањето
На телевизија започнала да се појавува уште кога имала три години, а имала само 12 кога ја добила улогата во филмот „Таксист“. На 18 години одлучила да одмори од актерската кариера и станала редовен студент на Јеил, каде дипломирала со посебни пофалби. Холивуд и потоа ја дочекал со широки раце.
# Ева Лонгорија успеала работејќи паралелно со студирањето
Сакала многу рано да заработи пари, бидејќи нејзина најголема желба била да и помогне на мајка ѝ околу грижата за нејзината сестра со посебни потреби. Во текот на средношколските години учела и истовремено работела во ресторанот „Wendy's“, а по студирањето, вклучувајќи го и магистрирањето, вредно работела додека не го препознале нејзиниот талент.
# Дејвид Духовни поради глумата се откажал од докторатот
Имал беспрекорна академска кариера. Откако магистрирал англиска книжевност на Јејл, го започнал докторатот. Но, тогаш глумата му го „пресекла“ патот и ги напуштил студирањето и книжевноста за да ја следи својата страст.
# Џина Дејвис - дипломирана, свири пијано и флејта
Оскаровката дипломирала на универзитетот во Бостон, знае да свири пијано и флејта и течно зборува шведски. Нејзиното IQ е 140 и е член на Менса, во која се дел само луѓето со коефициент на интелигенција повисок од 135.