ТикТок драма: Чарли Ди Амелио го нападна Чејс Хадсон бидејќи ја изневерувал, а тој ги нападна останатите тиктокери

ТикТок драма: Чарли Ди Амелио го нападна Чејс Хадсон бидејќи ја изневерувал, а тој ги нападна останатите тиктокери

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Голема драма ја потресе ТикТок заедницата овие денови, а главните актери се Чарли Ди Амелио, Чејс Хадсон и Неса Барет.

Многу од најследените ТикТок ѕвезди го отследија Чејс на сите социјални мрежи, откако на Твитер открија зошто го направиле тоа.

„Ништо не правам за да привлечам внимание, само не сакам да гледам „фејк“ луѓе повеќе, поради тоа ги отследувам“ - напиша Џејден Хослер, на што Чејс возврати: „Целата оваа драма се случува бидејќи ја бакнав Неса кога двајцата бевме сингл.“

Чарли, која со Чејс раскина на почетокот на годината, го прозва потоа.

„Тогаш не требаше да дојдеш во мојата куќа без да ми кажеш (дека си бакнал Неса Барет)“ - напиша таа бесно.

Чејс потоа го возврати нападот, обвинувајќи многу познати тиктокери дека се актери на прељуба, но овој напад му се одби од глава.

„Бидејќи интернетот дозна се за мене и сега ме осудува, ајде да видиме што кријат другите“ - започна, а потоа изнесе низа тврдења. Ентони Ривес, Грифин Џонсон, Џејден Хослер, Џош Ричардс и Кио Сир се само некои од тиктокерите кои ги прозва.

„Ентони се бакнуваше со Синтија, една недела по нашата раздела. Ентони проба да биде со Дикси за време на прославата за Денот на независноста, пред мои очи додека таа беше со Грифин. Грифин ја изневери Дикси со поранешната на Тајлер и со поранешната на Брико. Џејден и Џош ги изневеруваа Медс и Неса многу пати претходните месеци. Кио ја изневеруваше Оливија.“ - продолжи тој.

„Единствена личност која има право да биде лута на мене е Чарли и жал ми е што ја повредив. Раскинавме и згрешив бидејќи ја бакнав Неса. Не ми е жал за Џош, бидејќи не се дрижиме уште од пред шест месеци кога ја излажа Чарли дека имам полова болест, за да ја натера да престанеме да се гледаме“ - рече и заклучи:

„Нема да дозволам лажговци да ми го уништат животот без нивниот живот на интернет да биде уништен.“

Сепак, Чарли не беше со меко срце, туку го обвини Чејс дека не умее да преземе одговорност за своите постапки.

„Престани да ги рефлектираш своите постапки на другите личности само затоа што не умееш да преземеш одговорност. Сакаш ли да зборувам како се однесуваше кон мене за време на нашата врска или ќе продолжиш да глумиш жртва“ - заврши тиктокерката.

„Дечко мораш да престанеш да лажеш и да ја изнесуваш делумичната вистина за да изградиш подобра слика за себе, а под два, кога лично те прашавме, ништо од ова не кажа, затоа сега молчи доколку не сакаш да зборуваш во живо.“ - се огласи Џејден.

Сепак, малку подоцна Џејден повторно се јави наведувајќи дека тој и Чејс разговарале, без кавга и дека ги решиле работите.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: