ТикТок генерација: Тие со своите видеа заработуваат милиони
ТикТок е многу повеќе од забава и танцувачки предизвици кои некои тинејџири и оние малку постарите ги изведуваат. ТикТок е место на кое луѓето многу добро заработуваат и моментално е најпопуларна социјална мрежа на целиот свет.
Иако многу ТикТокери од САД се уплашија кога претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе ја забрани оваа социјална мрежа во Америка, сепак, барем засега нема од што да се плашат. Заработката ќе им остане недопрена, а на ТикТок ќе може и понатаму да објавуваат што ќе посакаат и од тоа да живеат добро.
Па, сигурно ве интересира кои се најплатени ТикТокери? Кои ТикТокери најмногу заработуваат и дали помеѓу нив се и вашите омилени? Па, најверојатно се тука. „Форбс“ ги објави најновите податоци за заработката на оваа социјална мрежа, а еве кои се седумте ТикТокер кои се најдоа на врвот на листата.
# Спенсер Икс - 1,2 милиони долари
Спенсер на ТикТок се придружи во февруари 2019 година, а моментално има повеќе од 47 милиони следбеници. Неговиот главен фокус е музиката, но снима и други забавни видеа кои ги споделува на својот профил и редовно добива повеќе од милион прегледи на едно видео. Во меѓувреме се пресели во Лос Анџелес, а моментално на годишно ниво, според пресметките на „Форбс“, заработува околу 1,2 милиони долари.
# Мајкл Ле - 1,2 милиони долари
Исто како и неговиот колега и Мајкл во една години заработил вртоглави 1,2 милиони долари на ТикТок. Таму моментално има повеќе од 41 милион следбеници, а познат е по своите танцувачки способности и урнебесните мемиња. „Се трудам да станат најпопуларен ТикТок инфлуенсер“ - изјави неодамна, а доколку вака продолжи, тоа наскоро би можело да се оствари.
# Џош Ричардс - 1,5 милиони долари
Џош на ТикТок е познат како „bad boy“ и е омилен скоро на сите кои некогаш налетале на некое негово видео, а досега снимал спонзорски содржини за многу познати светски брендови. Некои од нив се „Reebok“ и „HouseParty“, а потпиша договор и со „Warner Records“. Од своите содржини на ТикТок за една година заработил околу 1,5 милиони долари, а своето царство продолжува да го гради и понатаму. „ТикТокерите мораат да научат како паметно да ја монетизираат својата содржина“ - порача неодамна Џош.
# Лорен Греј - 2,6 милиони долари
Оваа позната пејачка и ТикТок ѕвезда помеѓу првите ја препозна предноста на оваа социјална мрежа и своето царство го изгради за прилично краток период. Моментално на годишно ниво заработува и до 2,6 милиони долари, што е навистина вртоглава сума, а со своите забавни, музички и „бјути“ содржини моментално забавува повеќе од 48 милиони следбеници.
# Дикси Ди Амелио - 2,9 милиони долари
Постарата сестра од познатото ТикТок семејство Ди Амелио, Дикси, позлатува се што ќе допре. Интервју? Може. Соработка со познати брендови за убавина? Може. Снимање на забавни танцови на ТикТок и видеа со помладата сестра, Чарли, а понекогаш и со целото семејство? Може. Повеќе од 41 милион следбеници на ТикТок за една година? Може. Сево ова во време од само една година го направи и заработи скоро 3 милиони долари, а сними и песна која беше прва на „трендинг“, иако истиот ден песна објавија и Канје Вест и Тревис Скот. Генијално.
# Чарли Ди Амелио - 4 милиони долари
На едно место погоре се наоѓа Чарли Ди Амелио. Откако кон средината на минатата година објави неколку видеа на кои танцува и откако истите станаа вирални, нејзината популарност не престана да расне. Моментално на својот ТикТок профил има повеќе од 95,5 милиони следбеници, а со своите забавни видеа им ги разубавува деновите на многу од нив. Плус, тука е и заработката од 4 милиони долари годишно, што исто така не е за потценување.
# Адисон Реј - 5 милиони долари
И кралицата помеѓу сите кралици и кралеви на ТикТок е - Адисон Реј. Оваа харизматична Американка на ТикТок минатата година започна да снима видеа и со тоа само малку го скрати своето време, а од ТикТок сега заработува 5 милиони долари годишно, што ја смести на првото место на оваа листа. Не треба повеќе ни да зборуваме за тоа како досега склопи многу соработки со познати брендови и дека сите ја сакаат како заштитно лице на своите кампањи. Таа за само една година го оствари својот сон и се искачи на самиот трон на ТикТок. Дали ќе остане таму или некој од преостанатите шест ТикТокери од оваа листа ќе ја „симне“ од првото место, барем по нејзината заработка, ќе видиме...