ТикТокер направи „хаос“ на социјалните мрежи: Како студент месечно троши по 1.000 евра, а само на такси дава 100 (ВИДЕО)
Популарниот ТикТокер Миќа Ашчериќ, инаку студен по медиицина во Белград, направи вистински „хаос“ на социјалните мрежи со своите изјави за трошоците.
Имено, овој ТикТокер одлучи низ видеото да прикаже колку го чини животот во Белград на месечно ниво.
Тој низ видеото наведе колку пари дава на кирија, режиски трошоци, трошоци за храна и споредни работи во текот на денот, данок, осигурување, социјален живот, иземајќи ги само парите кои ги дава за облека.
Цифрите кои Миќа ги наведе во своето видео предизвикаа бурни реакции и спротивставени мислења.
„Само станот го плаќам 300 евра месечно, за Белград сега малку. За намирници и другите продукти потребни за дома, давам околу 5.000 - 6.000 секоја недела (месечно вкупно околу 25.000 динари). На такси давам околу 100 евра месечно, за жал, така се погоди, цените на горивата пораснаа.
На кафе и некои мое трошоци, не знам колку давам, бидејќи не излегувам често од дома, сигурно не многу. Отприлика еден ден кога сум во библиотена, трошам околу 500-600 динари (месечно вкупно околу 30.000 динари, со вечерните излегувања).
Сметките за станот ги плаќам исто така многу малку, максимум околу 700 евра. Меѓутоа, данок и здравствено осигурување, плаќам околу 27.000 динари месечно. Облеката и тоа воопшто не го сметам, бидејќи не знам колку трошам на тоа“ - зборува тој и додава:
„Претплатата за телефонот ми е околу 20 евра. Шишањето ми чини исто така околу 20 евра. Првата година трошев околу 200 евра месечно, и така е, како е“ - наведе ТикТокерот во видеото.
@ascericm Student koji živi sam i radi* #ascericm Stories 2 - Danilo Stankovic
Ако го земеме предвид фактот дека покрај тоа што студира во Белград, тој е и инфлуенсер, и ако од вкупната сума која ја наведе во видеото го одземеме данокот и здравственото осигурување, излегува дека месечно за живот троши околу 115.000 динари, што кога ќе се претворат во евра, излегуваат околу 985 евра.
На крајот, ако од наведената сума ги одземеме киријата и режиските трошоци, според пресметката на ТикТокерот неговите базични трошоци изнесуваат некаде околу 615 евра месечно.
фото: Принтскрин / ТикТок