Тинејџер заработува илјадници евра вечерајќи пред компјутер: Еве како!

Тинејџер заработува илјадници евра вечерајќи пред компјутер: Еве како!

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Ким Сун-Џин (14) од Јужна Кореја заработува 1.400 евра на ден додека јаде брза храна и се снима додека комуницира со илјадници луѓе.

Момчето јаде брза храна секоја вечер, а тоа вклучува кинеска храна, пица, пилешки крилца и сè што е вклучено во таквата диета. Додека вечера, тој се допишува со илјадници луѓе, а понекогаш зборува преку видео камера.

Во една „епизода“, за која смета дека е најуспешна, заработил 1.100 фунти, што не е толку лошо за една вечер, додека само јаде пред ТВ. Пато, како што го нарекуваат, јаде пред публиката уште од 11-годишна возраст.


Ова го започнал затоа што сакал друштво за време на вечерата - неговите родители работеле во друг град, а тој живеел со неговите баби и дедовци кои вечерале многу порано од него. А, тоа му обезбеди статус на позната личност.


- Луѓето ме поздравуваат на улица - вели Ким и додава дека прави што сака и дека тоа е привилегија на лично емитување.

Програмата, преку која ги емитува и своите вечери, стана клучен дел од социјалниот живот на скоро секој јужнокорејски тинејџер. Ким сега има околу осум милиони посетители месечно.


Фото: screenshoot/Youtube

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: