Тинејџерката била застрелана од соученик: Со позитивниот поглед на животот докажала дека може да оставари сѐ што ќе посака
Двајца школски другари ја следеле тинејџерката додека таа не
останала сама. Прво ја ограбиле, а потоа еден од нив пукал во неа
Десера Тарнер многу се радувала на својата иднина. Таа имала 14 години, била средно училиште и го имала целиот живот пред себе. Уживала во училиштето бидејќи заедницата била многу поврзана. Градот во кој живеела бил мал и многу кохезивен, а тоа се пренесло и во училиштето.
Кога Десера не била во училиште слободно време го поминувала со мајка ѝ и татко ѝ.
Но, секое место може да биде опасно. За жал, Тарнер го дознала ова пред две години кога се враќала дома од училиште. Тоа било само уште еден обичен ден кој се претворил во вистинска трагедија.
Двајца нејзини соученици, Картер Петерсон и Џејзон Декер, ја следеле додека не останала сама. Имале план и трпеливо чекале прилика да ја нападнат. Кога се укажала прилика, тие ја намамиле Тарнер во споредна улица и почнале да ја ограбуваат. Потоа се слушнал истрел - Петерсон ѝ пукал во глава.
Кога се разбудила, Тарнер била во болница. Не можела да се сети на ништо откако ја турнале на земја. Во исто време, таа не можела да се движи.
Кога конечно можела да започне да комуницира со лекарите и семејството, ѝ било кажано дека преживеала куршум во главата. Таа била во ендек осум часа пред да ја најдат. Лекарите мислеле дека нема да преживее.
Последиците биле големи: не можела да зборува правилно и имала неконтролирани грчеви во мускулите. Во исто време, таа морала повторно да научи да оди.
Напаѓачите биле фатени набргу по злосторството. Апсењето го потпомогнало и сведочењето дека двајцата често разговарале за пукотници и насилство.
Тие ја признаа вината и беа осудени на 15 години до доживотно за нивното дело.
Тарнер имала можност да се соочи со своите напаѓачи на денот на изрекувањето на пресудата на суд и им рекла:
„Не требаше да се закачате со мене затоа што сум посилна од куршум. Ве мразам. Го мразам тоа што ми го направивте. Мразам што ви верував. Вашиот живот ќе биде ограничен на многу мала соба, но исто ќе биде и мојот“.
Иако можела да каже што чувствува, физичката болка останала. Имала постојани главоболки, грчеви во мускулите, го изгубила видот, а левата страна од телото и била парализирана.
Куршумот влегол од задната страна кон левата страна на черепот и таа страна претрпела најтешко оштетување.
Тарнер сега има 17 години, а нејзината приказна инспирира многумина. Целата заедница многу ја поддржува. Кога повторно проодела, на подарок добила велосипед. И таа го оствари својот сон и стана кралица на матурската забава. За време на настанот, Тарнер рече: „Сакам да им се заблагодарам на моето училиште и заедницата. Навистина се чувствувам како кралица. Посакувам секоја девојка да доживее нешто толку посебно“.
Тарнер не дозволуваше постапките на другите луѓе да и го диктираат животот и да ја спречат да ги оствари нејзините соништа. Таа докажа дека со позитивен поглед на животот и решителност, може да прави што сака.
Таа има направено 13 операции и се‘ уште има куршум во главата.
Извор и Фото: новиживот/Инстаграм