Тоа не е Ема Вотсон: Обожавателите воочија огромна грешка во специјалната емисија „Return To Hogwarts“
Обожавателите на Хари Потер воочија голема грешка во емисијата „Return To Hogwarts“ која во саботата стигна на ХБО Макс. Видео од детството на Ема Робертс случајно е прикажано во еден од сегментите наместо фотографија од една од главните ѕвезди, Ема Вотсон, која ја глумеше Хермиона Грангер.
Еден паметен обожавател кој го гледал специјалот, веднаш ја забележил грешката и веднаш се пожалил на Твитер: „Луѓе помогнете ми, ова буквално е Ема Робертс, а не Ема Вотсон“.
На познатата фотографија, популарната актерка Ема Робертс, која сега има 30 години, позира со слатките уши на Мини Маус додека појадува.
На ова друг корисник додаде: „Не можам да одлучам дали ова било намерно или е урнебесно лоша грешка на Варнер Брос во продукцијата на нивната ретроспектива за Хари Потер: да користат фотографија од актерката Ема Робертс како дете, наместо од Ема Вотсон“.
Во специјалот, кој првпат беше прикажан на ХБО Макс, Sky и NOW TV во саботата, обожавателите можеа да се почестат со спомените кои ги споделија главните актери Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт, како и многу други нивни колеги.