Тој е еден од најубавите српски фудбалер, а само да ја видите неа: Ова е родената сестра на Лука Јовиќ (ФОТО)

Тој е еден од најубавите српски фудбалер, а само да ја видите неа: Ова е родената сестра на Лука Јовиќ (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Лука Јовиќ не крие дека поддршката од сестра му му е многу важна...

Фудбалерот Лука Јовиќ ужива во среќна врска со манекенката Софија Милошевиќ со која има два сина - Теодор и Алексеј.

Меѓутоа, иако неговиот живот е под лупа на јавноста откако се појави на фудбалската сцена, ретко кој знае дека фудбалерот на Реал Мадрид има постара сестра, која се вика Миљана.

За разлика од брат ѝ, Миљана Јовиќ не сака да се експонира во јавноста.

Лука неколку пати има раскажано колку му е важна поддршката од сестра му, а во една прилика го сподели и тешкиот период низ кој поминале кога неговата сестра имала леукемија.

„Не зборувам многу за ова, но кога имав 9 или 10 години, постарата сестра беше многу болна, тоа беше моментот кој ги одбележа нашите животи. Докторите открија дека има леукемија, многу долго беше во болница. Мама престана да се занимава со водењето на маркетот за да се грижи за неа. Во текот на целата година, семејството беше разделено, јас живеев со татко ми и дедо ми, одев во „Ѕвезда“, додека мама беше со сестра ми“ - раскажа Лука своевремено.

Меѓутоа, Миљана за среќа ја добила важната животна битка, а тој момент Лука нема никогаш да го заборави.

„Еден ден, додека тато ме носеше дома од тренинг, застана и го собра вујко ми и братучедите. Не знаев што се случува, но потоа сфатив дека имаме голема прослава. Отидовме дома и сестра ми имаше хартиена капа која личи на оние што се носат на родендени. Ми кажаа дека е излекувана и тоа нереално чувство тешко може да се опише, кога знаеш дека сѐ е во ред, бидејќи сите бевме долго време преплашени“.

Миљана моментално живее во Белград, а според нејзините фотографии на Инстаграм, можеме да заклучиме дека обожава да патува и дека кога ќе ѝ дозволат обврските секогаш му е голема поддршка на својот брат од трибините.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: