Тотално различни близначки: Целиот свет е зачуден од нивниот изглед

Тотално различни близначки: Целиот свет е зачуден од нивниот изглед

Објавена во: Совети // Семејство

Пред 23 години, поради многу ретка комбинација на гени, на свет дојдоа близначките Луси, која е со светла кожа и нејзината сестра Марија, која е со темна кожа.


Секој знае дека близнаците обично изгледаат како две капки вода. Можеби затоа тие отсекогаш предизвикувале толку голем интерес.

Ја споделуваме со вас приказната за необичниот пар близнаци со различна боја на кожа, чии животи ги следат безброј фанови на Инстаграм и научници од целиот свет.
Пред 23 години, како резултат на многу ретка комбинација на гени, се родија близначките Луси која е со светла кожа и нејзината сестра Марија која е со црна кожа.


На 16 јануари 1997 година, лекарите кои биле на породувањето биле изненадени од „новогодишното чудо“ и не се осмелиле веднаш да ги покажат близначките на нивната мајка, плашејќи се дека жената нема да верува дека тие се нејзините деца.

Косата на Луси не е само светла, туку и портокалова. Има исклучително убави сини очи и многу бела кожа.


Марија е сосем спротивно од нејзината сестра. Нејзината темна кожа, црна, кадрава и многу густа коса и кафеавите очи се типични за претставниците на африканскиот континент.

Не помалку интересни се родителите на необичните близначки. Нивната мајка Дона е родена во Јамајка, а нивниот татко Винс е Англичанец. Тој, како Луси, има руса коса и сини очи. Марија е како нејзината мајка, а Луси е како нејзиниот татко.


Покрај близначките, Дона и Винс имаат уште 3 деца - девојче и две момчиња. Девојчето и едно од момчињата изгледаат како мајка им, а другиот син е копија на неговиот татко.


Со текот на годините, семејството честопати се соочувало со проблеми.
Не само од врсниците на нивните ќерки, туку и од вработените во градинката, а подоцна и во училиштето се сомневале дека девојките се навистина близначки.


Многу пати нивните родители морале да покажат семејни албуми и документи со кои се потврдува фактот дека девојчињата се родени во ист ден.

Луси и Мери се многу среќни што се сосема различни една од друга, иако се близначки. Сепак, никој не ги меша.
Тие, исто така секогаш се облекуваат поинаку за да ја истакнат својата индивидуалност уште повеќе.


Поминаа 23 години од нивното раѓање. Денес двете девојчиња се вистински убавици.
После средното училиште, Луси учела на Факултетот за уметност и дизајн, дипломирала со високи оценки и сега работи во областа на маркетингот.
Додека, Марија е психолог и им помага на луѓето во тешки ситуации.


Ваквата генетска разлика во бојата на кожата кај близнаци е многу ретка. Не се познати повеќе од 10 вакви случаи во светот. 


Извор: jenata.blitz.bg

(ФОТО) Близначките кои ја толкуваа улогата на бебето Ема во Пријатели дипломираа: А ние официјално остаревме


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: