Третман како светска ѕвезда: Водителката Милена покажа како нејзината наследничка ужива на фризер (ВИДЕО)

Третман како светска ѕвезда: Водителката Милена покажа како нејзината наследничка ужива на фризер (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Од мали години знае како да ужива...

Познатата ТВ водителка Милена Антовска ужива во улогата на родител. Често споделува фотографии и видеа со нејзините две наследнички - Лана Марија и Јоана и не крие дека ужива да го поминува времето со нив.

Откако се вратија од Албанија, каде што беа на летување, Милена со своите следбеници сподели уште еден ритуал кој го практикува заедно со нејзината постара ќерка.

Имено, на својот Инстаграм профил, водителката сподели видео од Лана Марија, на кое откри како таа ужива додека е на фризер. Мора да признаеме дека наследничката на Милена доби третман како на светска ѕвезда - кратење на косата, миење, а како јагодка на шлаг е фризурата од две внатрешни плетенки.

Според насмевката на лицето, слободно може да заклучиме дека Лана Марија е и повеќе од задоволна од трансформацијата.

Инаку, во интервју за Хаштаг, Милена зборуваше за своите тинејџерски денови, каде откри која своја грешка би ѝ ја посочила на својата ќерка, за таа да не ја направи во иднина.

„Па не би сакала да учи преку моите грешки. Би ѝ посочила сè што е добро и сè што е лошо, па сама ќе си одлучува понатаму. Секако, јас и сопругот секогаш ќе бидеме тука за неа кога и да побара совет од помош од нас, но поентата ми е дека секој сам мора да одлучува, па и да згреши некогаш подобро е сам/а да види дека згрешил/а и да си научи од сопствените грешки и да извлече поука.“

фото: Принтскрин / Инстаграм


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: