Три дена се зборува за неа: Македонката ја запали сцената на „Ѕвездите на Гранд“ со питонот
Марија Груевска е името на битолчанката за која цел регион не престана да зборува веќе три дена, од нејзиното појавување на сцената на „Ѕвездите на Гранд“.
Марија во саботата настапи со албино-питон кој се виеше околу нејзиното тело додека таа пееше, а жирито остана шокирано.
Виолета Вики Миљковиќ вресна веднаш штом ја виде змијата, Јелена рече дека многу се плаши од змии и коментираше дека не може да гледа, иако подоцна се фотографираше со неа, а Џорџе Давид стана и се приближи да го бакне питонот.
Инаку Марија призна дека и самата се плашела од змии, но се охрабрила да настапува со една откако поминала неколку денови тренирајќи да пее со змија околу неа.
Како изгледаше сето тоа, видете овде на 1:26:00 часот: