Три милиони прегледи за два часа гледање во празно: Јутјубер покажа како се заработуваат пари, без ништо да се направи

Три милиони прегледи за два часа гледање во празно: Јутјубер покажа како се заработуваат пари, без ништо да се направи

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Еден 21 - годишен јутјубер од Индонезија кој на Јутјуб се претставува како Собат Мискин, дојде на идеја да сними видео во кое ќе покаже дека не работи ништо. За само еден месец успеа да собере три милиони прегледи, буквално ништо не правејќи.

Покрај тоа што ова видео го прикажува момчето кој цели два часа гледа во празно, за кратко стана вирално и привлече огромно внимание од јавноста.

„Не очекував толкава популарност. Видеото го правив од шега и беше наменето за моите пријатели кои постојано ме прашуваа кога ќе почнам да објавувам едукативни содржини. Не мислев дека толку луѓе ќе го погледнат“ - изјави тој за „Трибун њус“.

Претходно на својот канал споделував видеа во кои експериментирал со храна, а потоа одлучил малку да ја промени тактиката и да смисли нешто необично.

Освен големиот број прегледи, видеото доби и многу коментари.

„Замисли да го правиш ова два часа и да сфатиш дека си заборавил да го притиснеш копчето за снимање“ - напиша некој.

Други веднаш почнаа да водат полемика за парите кои ќе ги заработи, со оглед на тоа што видеото стана вирално.

„Луѓето мислат дека не може да се заработат пари седејќи и гледајќи во празна, но ова момче докажа дека тоа е можно“ - се пошегува друг корисник.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: