Тригодишно девојче е главна ѕвезда на социјалните мрежи: Обожува да готви и тоа го прави на интересен начин

Тригодишно девојче е главна ѕвезда на социјалните мрежи: Обожува да готви и тоа го прави на интересен начин

Почнала така што му помагала на татко ѝ, а сега му го презеде шоуто...

Тригодишно девојче кое започна да му помага на својот татко во кујната, сега подготвува бура на Интернет, откако започна свое шоу на Јутјуб.

Бела Ферхерст има илјадници обожаватели низ целиот свет кои сакаат да ја гледаат како му дава совети за готвење на нејзиниот татко Гај.

Талентираното девојче сега има сопственото шоу за готвење „Шеф Бела“, кое се емитува секоја недела на Јутјуб.

Гај, кој има кетиринг во Лејбурн, Јоркс, рече: „За време на заклучувањето во март и април минатата година, мојот распоред беше намален на половина, обично имав многу повеќе време за готвење дома. Бела беше заинтересирана и ќе се обидеше да застане на масата и да направи нешто, па јас почнував да ја водам, држејќи ја за рака додека ги сечкаше и мешаше работите.“


Можеби ќе ве интересира: