Трик од ТикТок кој ќе ве воодушеви: За свечена фризура потребно ви е само едно нешто од елката

Трик од ТикТок кој ќе ве воодушеви: За свечена фризура потребно ви е само едно нешто од елката

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Резултатот ќе ве остави без зборови...

Локните за новогодишната ноќ се секогаш добра идеја. И не знаеме за вас, но нас секогаш не нервира закажувањето на термин кај фризер еден месец однапред. Особено ако не знаете дали и когаќе бидете слободни. Или, одењето во салов вечерта пред прославата, бидејќи на самиот ден на дочекот нема слободни термини.

Затоа најдобро е да станете сам свој мајстор. И тоа на новогодишен начин. Потребни ви се само украси за елка. Не се шегуваме. 

Летово ремениот од пењуарите беа голем хит и научивме како со нивна помош да направиме феноменални локни, а сега тоа можеме и со украсите за елка.

Имено, еден фризерски салон објави неколку видеа на социјалната мрежа ТикТок на кои се гледа како косата на една девојка ја виткале околу траките за елка.

Исто како и ременот од пењуарот, траките се ставаат на врвот на главата, а потоа прамените коса се мотаат околу и на крајот се прицврстуваат на темето.

@thebrowandblolounge

Forget the dressing gown back, it’s all about the tinsel  ##thebrowandblolounge ##hairstyle ##christmas ##BIGASYOOX

sparkle and shine transition - eilidh x

@thebrowandblolounge

Forget the dressing gown belt… Results on our page  ##hairhacks ##hair ##thebrowandblolounge

Last Christmas (Remastered) - Wham!

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Можеби ќе ве интересира: