Уапсен популарниот Јутјубер: Барал обожавателките да му праќаат непристојни фотографии

Уапсен популарниот Јутјубер: Барал обожавателките да му праќаат непристојни фотографии

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Музичарот и јутјубер Остин Џонс е уапсен под сомнение дека од малoлетни обожавателки барал да му праќаат фотографии на кои се без облека и во провокативни пози. На момчето чиишто канал  го следат половина милион луѓе, му се заканува затворска казна и до 20 години.

Обвинението го терети Џонс дека во периодот од 2010 до 2017 година добивал стотици експлицитни фотографии од своите малолетни обожавателки, меѓу кои најмалата имала само 15 години. Исто така пронајдени се и преписки на јутјуберот со неколку девојчиња во кои е откриено дека ако не му пратат фотографии нема да  им посветува внимание.

Исто така освен затворска казна Остин, може да добие и пресуда за посета на психијатриска болница. Додека судот не одлучи поинаку, Џонс ќе се брани од слобода.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: