Убавата ќерка на Стив Џобс во врска со пријател на Кардашијанс: Веќе пишуваат дека ќе трае „засекогаш“
Сите се прашуваат дали
Лорен Пауел, сопругата на Стив Џобс, која „тежи“
19 милијарди долари, ја одобрува врската меѓу нејзината ќерка
и славниот музичар
Најмладата ќерка на починатиот милијардер Стив Џобс (1955-2011), Ив Џобс (22) има ново, познато момче.
Имено, 22-годишната манекенка се забавува со пејачот Хари Хадсон (27) и тие сами ја потврдија својата врска на Инстаграм.
Ив и Хари објавија серија заеднички фотографии од Калифорнија на социјалните мрежи, а на нив може да се види колку тие се среќни заедно и заљубени.
„Ние сме тим“, напиша Ева под објавата, а потоа Хари ја коментираше објавата со зборот „засекогаш“. Потоа Хари објави повеќе заеднички фотографии, а Ева му напиша „Мили мој“.
Инаку, Ив е ќерка на американскиот бизнисмен Стив Џобс и неговата сопруга Лорен Пауел (57), која се занимава со хуманитарна работа и која „тежи“ 19 милијарди долари.
Ив е вешт јавач на коњи, а неодамна ја започна својата манекенска кариера.
Од друга страна, познато е дека Хари е близок пријател на семејството Кардашијан-Џенер и дека тој се појавил во неколку наврати во реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“.
Откако ја започна својата кариера на млада возраст, тој мораше да ја стави музичката кариера во мирување кога му беше дијагностициран Хочкинов лимфом на 20-годишна возраст. Тој е излечен и нема рак веќе седум години, а сега се чини дека е посреќен од кога било.
Фото: Profimedia/ Инстаграм/evecjobs