Убаво е кога на новите луѓе не треба да им објаснуваш каде е Битола: Македонката Мила Ивановска за искуството на „Харвард“
Веќе ве запознавме со младата битолчанка Мила Ивановска, која своето образование го продолжи Соединетите Американски Држави, поточно на „Харвард“.
Како што ни откри претходно, кон крајот на овој месец, таа замина во Америка, каде започна да ги остварува своите соништа.
„Големи се очекувањата. Никогаш не сум била Америка, така што се надевам дека добро ќе се снајдам во новата средина. Ќе ми предаваат светски познати професори, секако ќе има и многу работа, но со добра организација на времето верувам дека сѐ може да се постигне. На 1 септември почнуваат предавањата, така што ќе треба да пристигнам на кампус недела до две пред тоа - крајот на август.“
Уште за време на првите денови од престојот, ја пречека огромно изненадување. На својот Фејсбук профил таа објави статус, преку на своите пријатели им ја опиша ситуацијата, која направила да биде горда на својот роден град и држава.
„Убаво е кога ќе видиш дека на првиот кој ќе го запознаеш во живо од новата генерација не треба да му објаснуваш каде се наоѓа Битола, зошто не само што знае каде е, туку и на училиште учел по Историја за неа“ - напиша оваа Македонка на својот Фејсбук профил.
Инаку, во коментар Мила откри дека станува збор за колега кој доаѓа од Турција, каде очигледно се учи и за историјата на нашата држава.