Учествувал во ТикТок предизвик и ја платил цената: Сега ги предупредува другите (ВИДЕО)

Учествувал во ТикТок предизвик и ја платил цената: Сега ги предупредува другите (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

11-годишно момче учествувало во ТикТок предизвикот „Fire“ поради кој ја платил цената, а сега ги предупредува другите да не направат слична грешка.

Една од најголемите желби на родителите е децата да бидат поштедени од маките преку кои учат лекции на потешкиот начин. Потешкиот начин боли, а родителот не сака да гледа како неговото дете пати.

За жал, Ник Хауел преживеа многу болна грешка. Но, сега ова момче им помага на другите предупредувајќи ги да не го направат истиот опасен избор.

ТикТок е неверојатно популарна социјална мрежа во која особено уживаат младите. 60% од корисниците на ТикТок се на возраст од 16 до 24 години. На ТикТок преку кратките видеа се објавуваат содржини со забавни танци, комични ситуации, трикови за убавина и шминка, совети за дизајн и уште многу други интересни работи. Но, тука има и други подмолни видеа.

Помеѓу застрашувачките делови од содржината на ТикТок се предизвиците. Токму еден таков предизвик, поточно „Fire Challenge“ го привлекол вниманието на Ник, неговиот помлад брат и братучеди во еден октомвриски ден во Мајами. На видеата биле прикажани тинејџери како истураат алкохол на предмети и потоа ги палат.

Ник земал едно шише алкохол и истурил малку по плочникот. Потоа подрачјето го осветлил со запалка. За неколку моменти целото шише алкохол се запалило и експлодирало. Пламенот го зафатил и Ник пред тој да сфати што се случува.

Преплашен, Ник истрчал кон куќата и повикал помош. Неговите чичковци и татко го изгасиле огнот, но Ник бил тешко повреден. Како резултат на овој предизвик, Ник добил изгореници на повеќе од 35% од своето тело. Тој бил пренесен во болницата Кендал во Флорида.

„Беше ужасно. Беше потресно, поразително и трауматично“ - кажа неговата мајка, Естела Гилен.

Ник поминал 6 месеци во болница, имал 50 операции, а бидејќи претрпел големо оштетување на нервите, морал одново да учи да оди.

„Неговата несреќа ми ги отвори очите на многу начини, но посебно во моето родителство. Мораме да ги натераме нашите деца да разберат дека тие предизвици навистина може да имаат последици во реалниот живот“ - кажа Естела.

Колку и да било ужасно искуството на Ник, Бог има начин лошото да го претвори во добро.

Тој сега има 12 години и својата приказна им ја раскажува на другите деца. Посетува луѓе на негови години да бидат лидери наместо следбеници, така што едноставно ќе одбиваат да ги пробаат опасните работи кои се прикажуваат на социјалните мреж. За жал, „Fire Challenge“ е само еден од виртуелните предизвици кои кружат на ТикТок.

Со родителската совест и сведочењето на децата како Ник, другите можеби нема да мора да учат на потешкиот начин. Ник ги заслужува сите пофалби.

Наместо да биде тажен, тој својата болна лекција ја користи за да ги спречи другите да донесат слични поразителни и потенцијално смртоносни одлуки. 


фото: Принтскрин / Фејсбук


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: