Уки не сакаше да молчи: Која е Уна Каблар и зошто децата ѝ се поклонуваат?

Уки не сакаше да молчи: Која е Уна Каблар и зошто децата ѝ се поклонуваат?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Ја искористи својата платформа за да ја заштити сестра ѝ...

Српската инфлуенсерка Уна Каблар на својот Инстаграм профил објави дека нејзината сестра била претепана од сопругот, со закани дека ќе ѝ го одземе старателството над детето доколку се разведе од него. Каблар исто така кажа дека сопругот на нејзината сестра го нападнал и нивното двемесечно бебе.

Дамјан Хаџиќ, сопругот на сестрата на Уна Каблар, беше уапсен. Храбриот потег на инфлуенсерката предизвика бурни реакции во јавноста, а таа ги повика сите да ги споделат стравичните фотографии од нејзината повредена сестра.

Инаку, Уна е една од најпопуларните инфлуенсерки во Србија, а само на ТикТок ја следат 1.5 милион луѓе, а на Инстаграм половина милион. На социјалните мрежи е позната како Uki Q.

@ukiqukiq

RUN! 

original sound - George Morcos

„Профилот го имам уште откако ТикТок беше Musical.ly, а активно снимам од 2019 година. Првиот вирален момент кој ми се случи на ТикТок беше, моето „lip sync“ видео на песната од Мими Мерцедес“ - раскажа во една прилика оваа девојка која живее во Белград, а која е родена во Книн, Хрватска.

Уна вели дека тајната за нејзиниот успех на ТикТок е тоа што е секогаш своја.

„Имам нешто што луѓето го паметат. Не знам дали тоа се тетоважите, мојот карактер или нешто трето. Но, важно е луѓето да ве паметат по нешто, да привлечете внимание. Исто така, помежу првите почнав да снимам за ТикТок од Балканот, па тоа е исто можеби некоја среќа“.

@ukiqukiq

Mama

Latina - biiiitch

За неа веќе пишуваа медиумите, кога помеѓу нејзините обожаватели се прошири измислената вера „укизам“. Тогаш кружеа видеа од деца кои се поклонуваа пред нејзиниот лик, наводно палела икони, па дури и жртвувала ситни животни.

Уна остро се огради од сето тоа:

„Воопшто не можам да верувам дека моето име се провлекува низ такво нешто... Сѐ започна како шега, но сега ја премина секоја граница. Прво игнорирав сѐ, но дојде до тоа едно дете кое се нарекува „член на оваа вера“ да запали вистинска икона. Морав да реагирам. Не сакам јавноста да ги става сите мои обожаватели во ист кош и да мисли дека тие и јас сме лоши или на било кој начин сме поврзани со вакви гадости. Сакам да се оградам, а сите кои се поврзани со тоа сериозно ги замолувам да престанат со ваквите работи“ - кажа таа во тоа време.

Уна Каблар го искористи својот огромен број на следбеници за да укаже на насилство и да ја заштити својата сестра.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: