Уште еден ден до роденденот: За каква прослава се спрема Меган Маркл?
Принцезата утре слави роденден, па сите не интересира како и со кој ќе го прослави. Тоа го дозна новинар кој го следел кралското семејство и ги открил сите овие работи.
Војводката Меган Маркл зад себе имаше доста интересна година, а утре таа ќе го прослави својот 38 роденден. Оваа година таа стана мајка на Арчи, ја запозна Бијонсе на премиерата на „Lion King“, ја имаше по насловните страни на сите таблоиди. Дали роденденот ќе го прослави мирно или пак со голема забава, ни открива новинар која го следел кралското семејство, пишува „Cosmopolitan“
Сепак, принцезата ќе го прослави роденденот мирно, во кругот на семејството. За роденденот на својата сопруга, принцот Хари ќе се врати во Велика Британија од Италија, каде е на заминат на службено патување.
Минатата година Меган не можеше да го прослави својот роденден,бидејќи нивен близок пријател правење свадба, а пред две години принцезата имаше блог на кој самата си напиша честитка: „За овој роденден ова го посакувам како подарок: Сакам сите да бидете љубезни кон самите себе. Сакам да се предизвикувате. Сакам да престанете да оговарате, да пробате храна за прв пат, да си купите некое посебно кафе без посебна причина, да му кажете некому дека го сакате, а потоа истото да си го кажете себеси. Сакам да си ја пронајдете среќата“ –посака Меган.
Се надеваме дека овој роденден ќе го прослави онака како што и си го замислила. Тоа и го заслужува!