Утрински ритуал со насмевки, бакнежи и прегратки: Преслатко видео на Антониа Гиговска со синот Киан
Преслатко видео објави пејачката Антониа Гиговска со нејзиниот син Киан. Утрински ритуал преполн со насмевки, бакнежи и прегратки.
Малиот Киан кој неодамна наполни една годинка, веќе покажува емоции, емпатија и љубов кон неговата мајка.
Пејачката не објавуваше јавни фотографии од синот се до пред роденденската фотосесија на Киан.
„Дете мое. Нашиот Киан денес полни 1 годинка...За нас најубава годинка, не знам што би правеле да не си ТИ“, напиша пејачката за албумот со преслатките семејни фотографии.
Покрај фотосесијата Антониа и Роберт направија и тематски роденденска забава за Киан со диносауруси.
Фото: Инстаграм