Вака изгледа денес посвоената ќерка на Никол Кидман и Том Круз: Своите дела ги продава преку социјалните мрежи и се дружи само со припадниците на сектата на татко ѝ
Најстарата посвоена ќерка на Никол Кидман и Том Круз живее во својот свет и се шпекулира дека не е во никакви односи со родителите...
Том и Никол во 1993 година ја посвоија Изабела, додека Конор е посвоен две години подоцна. Заради разликите, актерите подоцна се разведоа, но нивните деца и понатаму се нивна љубов и се многу се популарни.
Покрај познатите родители и презиме, Изабела Круз со незадоволство се појавува во јавноста. Баремн не како дете на две филмски суперѕвезди. На Инстаграм се претставува како Бела Кидман Круз, но со помајката, холивудската актерка Никол Кидман, нема некој близок однос.
Бела Кидман Круз е уметница и дизајнерка која веќе со години онлајн ги продава своите дела.
Посвоената ќерка на Никол и Том во 2015 година го кажа судбоносното „да“ на долгогодишното момче на тајна венчавка во Лондон. Иако на венчавката не се појавија нејзините родители, ниту братот на Бела, Конор, според пишувањата на магазинот „People“, Кидман и Том ја платиле венчавката.
Иако со години се пишуваше дека поради скиентолошката црква и верските убедувања на нејзиниот поранешен сопруг, Кидман не е во контакт со посвоените деца од бракот со Круз, таа пред неколку години за австралискиот „The Weekly“ изјави дека Конор и Бела станале „прекрасни и вредни луѓе“.
Имено, Изабела одамна јасно даде до знаење дека повеќе го сака Том Круз и неговата скиентолошка црква, во чии контроверзни учења порасна, заедно со нејзиниот помлад брат Конор, кој е исто така посвоен.
фото: Притнскрин / Инстаграм