Вака се слави роденден на внук: Маја Волк воодушеви со енергична кореографија и стана ХИТ на социјалните мрежи (ВИДЕО)
Драматургот Маја Волк е позната по своите ставови и блискоста што ја одржува со членовите на семејството.
Маја Волк со децении твори на српската сцена, а познато е дека е поборник за сирова храна, па на таа страна има и од оние кои ја поддржуваат, но и оние кои се против.
Волк има три деца, ќерките Теодора и Милена и синот Михајло, а од ќерката Милена го има внукот Лука.
Со оглед на тоа дека Маја е многу посветена на семејството, не ја криеше среќата за доаѓањето на Лука на свет, па новиот член го окупираше нејзиното внимание. Така и овој пат Маја на социјалните мрежи покажа како го слави роденденот на својот внук.
- Вака се слави роденден на внук - напиша 63-годишната Маја во описот на видеото каде енргично танцува и стана ХИТ на мрежите.
Таа беше главната атракција на роденденот благодарение на нејзината кореографија, погледнете и проценете сами: