Веќе ништо не е исто, само болката е поголема: Елена жали по татка си!
Пејачката Елена Ристеска во последните неколку години се соочи со неколку тешки животни ситуации, од кои една беше загубата на едниот родител. Таа се уште не може да ја надмине таа болка, а често знае да сподели нешто во спомен на нејзиниот татко.
Вчера имаше уште една таква објава, во која му го честиташе роденденот на татка си. Иако во објавата и самата пишува дека не знае зошто јавно ги споделува своите емоции, сепак чувствува потреба да го направи тоа. Загубата на родител е дефитивно најтешката ситуација во животот на еден човек.
Објавата на Елена е збогатена со семејна фотографија од детските денови на пејачката, а објавата не може никој да остави рамнодушен и дури и најцврстото срце ќе биде скршено.