Вел од 7 метри, везен со светки: Венчаницата на принцезата Дајан за првпат во јавноста по 26 години

Вел од 7 метри, везен со светки: Венчаницата на принцезата Дајан за првпат во јавноста по 26 години

Објавена во: Живот // Живот

Принцот Хари и принцот Вилијам се согласија да го позајмат фустанот за изложбата...

Фустанот на принцезата Дајана, во кој се омажи за принцот Чарлс во 1981 година, ќе биде изложен во Конзерваториумот во палатата Кенсингтон до 2 јануари 2022 година.

„Појавување на кралски стил“ е изложбата што од 3 јуни е отворена за посетителите, а на која ќе бидат претставени претходно невидени предмети од архивите на најпознатите творци, кои работеле за кралското семејство.

Принцот Хари и принцот Вилијам се согласија да го позајмат фустанот за изложбата. Венчаницата последен пат беше прикажана во палатата Кенсингтон, поранешната куќа на Дајана, во 1995 година.

На изложбата ќе бидат претставени скици и дезени создадени за облеката на принцезата Дајана, кралицата Елизабета и нејзината мајка, а меѓу другото изложена ќе биде и венчаницата на принцезата Дајана.

Изложбата вклучува оригинални скици, примероци на материјали и ракописни потсетници користени од дизајнерите Дејвид Емануел, Дејвид Сесун и Норман Хартнел, кога тие создавале парчиња за своите клиенти, членовите на кралското семејство.


Познато е дека овој фустан е дизајниран од Дејвид и Елизабет Емануел, а има најдолг вел во кралската историја од 7,62 метри. Фустанот има паф ракави и обемно здолниште под кое има уште неколку крути слоеви на подздолништа.

Украсен е со античка тантела, особено тантелата „Carrickmacross“, која некогаш ѝ припаѓала на прабабата на принцот Чарлс, кралицата Мери, а превезот е извезен со светки.

фото: Tanjug/AP

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: