Велат, позгодна е од мајка ѝ: Целиот свет зборува за ќерката на Хајди Клум која во оскуден костим за капење ги поместува границите
Ќерката на познатата манекенка Хајди Клум тргнува по стапките на својата
мајка и ги поместува границите. Додуша, Лени Клум не е толку храбра како Хајди, па не ја видовме топлес, сепак и во ова издание не можеше да
остане незаблежана.
Младата манекенка Лени Клум и нејзиното момче Арис Рачевски уживаат на одмор на плажа во клубот Tviga Beach во Форте деи Марми, Италија. Младиот пар овие жешки летни денови ги поминува со семејството, а Лени на плажа носеше црвено бикини кое ја покажа нејзината совршена фигура.
Лени често истакнува дека Сил е нејзиниот вистински татко, а во 2018 година за прв пат го запознала својот биолошки татко, кој еднаш рекол: „Лени е моето биолошко дете, но тројцата се согласивме дека е подобро таа да порасне во семејството што го започнаа тие двајца“, мислејќи на Хајди Клум и Сил и додаде: „Како може да ми недостига дете кое никогаш не го гледам? Знам дека Лени не е лоша. Таа е дел од семејството на Сил, а Нејтан е дел од моето .
Со текот на времето, врската помеѓу Бријаторе и Лени станала подобра, а тоа го докажуваат бројни фотографии.
Фото:leniklum/instagram/youtube/screenshot