Венчавка на година: Ариана Гранде се омажи пред само 20 луѓе

Венчавка на година: Ариана Гранде се омажи пред само 20 луѓе

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Официјално е потврдено дека Ариана Гранде и Далтон Гомез се венчале изминатиот викенд. Како што објави потпаролот на Ариана за „People“, церемонијата се држела во тајност, па така на истата присуствувале само најблиските роднини. „Имаше мала и интимна венчавка, пред помалку од 20 луѓе. Просторијата беше полна со среќа и љубов. Двојката и двете семејства не можеа да бидат посреќни“.

Како што и пред официјалната потврда пренесе „TMZ“, церемонијата се одржала во Монтесити, Калифорнија, поточно во куќата во која живеат Ариана и нејзиниот сопруг. „Двајцата го сакаат Монтесити. Многу време поминуваат таму“ - зборува еден извор. „Изгледаше како нешто потполно природно да се венчаат во преубавата и историска куќа.“ Инаку, двојката започна да се забавува во јануари 2020 година, а во декември се сврши.

Тоа што венчавката се одржа далеку од очите на јавноста воопшто не е чудно, со оглед на тоа дека двајцата сакаат својата врска да ја чуваат во тајност. Ариана повремено има изливи на љубов, но тие ги задржува за својот Инстаграм профил. Така таа на почетокот на април објави неколку фотографии со Далтон, а тогаш напиша колку го сака и дека му е благодарна на тоа што е таков каков што е.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: