Се подготвува за нова животна улога: Ариана Гранде му кажа „ДА“ на своето момче

Се подготвува за нова животна улога: Ариана Гранде му кажа „ДА“ на своето момче

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Пејачката Ариана Гранде сподели важна вест со светот: таа и Далтон Гомез се верија, само еден ден пред премиерата на нејзиниот документарец „Excuse me, I Love You“.

Изворот близок на пејачката за E! News потврди дека таа и брокерот за недвижнини направиле важен чекор во својата врска.

„Ова се среќни времиња за нив. Сите се среќни, семејствата се среќни“ - раскажува изворот. „Не може да бидат посреќни.“

Во неделата, на 20 декември, 27 - годишната пејачка ги започна гласините за веридбата, откако на Инстаграм сподели серија фотографии, а на една од нив се гледа масивниот дијамантски прстен.


Ариана и Далтон се верија по помалку од една година врска. За нив двајца започна да се шушка во март оваа година, но врската ја официјално ја потврдија во спотот за песната „Stuck With U“, која Гранде ја сними со Џастин Бибер.

Во тоа време извор близок на двојката откри дека се запознале преку заеднички пријатели.

„Се движат во исти кругови“ - забележи изворот. „Тој порано танцуваше и имаат многу заеднички пријатели. Таа брзо го запозна за време на карантинот. Поминаа многу време сами дома“.

Друг извор во октомври оваа година кажа дека двојката во потполност е препуштена на љубовта.

„Ариана и понатаму лудо е заљубено во Далтон“ - рече изворот и додаде: „Имаат здрав однос. Тие сакаат да бидат „нормални“, а Ариана го сака тоа што тој е приземен. И годи што тој не е од музичката индустрија како неа.“

Може да ве интересира:

Со Далтон се заедно од почетокот на годината: Сè што треба да знаете за новата врска на Ариана Гранде

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: