Со Далтон се заедно од почетокот на годината: Сè што треба да знаете за новата врска на Ариана Гранде

Со Далтон се заедно од почетокот на годината: Сè што треба да знаете за новата врска на Ариана Гранде

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Ариана Гранде своето ново момче официјално го претстави во видеото за песната „Stuck With U“, а пред тоа само се шпекулираше за врската на оваа двојка, која неколку пати беше уловена заедно. Решивме да ви ги издвоиме сите работи што ги знаеме за нивната врска, која изгледа дека трае многу подолго отколку што сите мислевме.

Шпекулациите за нивната врска започнаа во март, меѓутоа, како што дознаваме, Ариана и Далтон наводно се заедно уште од јануари. Извор близок до пејачката тогаш кажа дека тие се заедно околу два месеци, што значи дека парот врската ја започна во декември или почеткот на јануари. Истиот извор исто така кажа дкеа Ариана овој пат не сака да има јавна врска, туку дека сака најпрво да види како ќе се одвиваат работите во приватност. Ариана по својата јавна врска со Пит Дејвидсон беше спојувана и со Мајки Фостер, со кој има песната „boyfriend“.


Во февруари се појави снимка на која Ариана се бакнува со непознат маж, за кој подоцна се испостави дека е Далтон. Исто така, пејачката и многу нејзини пријатели го следеа Гомез на Инстаграм што исто така додаде дополнителен сомнеж кај обожавателите. Далтон по сево ова и беше придружба на Ариана на забавата која Скутер Браун ја приреди за својата сопруга на 25 февруари. Кон крајот на март се појави и Инста стори кај Ариана. Иако лицето не му се гледаше, обожавателите успеаа да го идентификуваат. И на самиот крај, видеото за „Stuck With U“ ги потврди сите овие сомнежи и парот повеќе не се крие.

Пријателите на Ариана тврдат дека таа е многу среќна со Далтон, кој инаку по професија е агент за недвижнини. Парот времето во изолација го помина заедно, а тоа се гледа и по видеото за „Stuck With U“, а понатамошниот тек на оваа врска подетално ќе може да ја следиме откако ќе заврши вонредната состојба.

Може да те интересира:

И ти можеш да изгледаш како Ариана Гранде: Ископирај го изгледот на познатата пејачка

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: