Вест која многумина не ја очекуваа: Пред погребот на принцот Филип, Меган Маркл, но и Арчи зборувале со кралицата?!

Вест која многумина не ја очекуваа: Пред погребот на принцот Филип, Меган Маркл, но и Арчи зборувале со кралицата?!

Објавена во: Живот // Живот

Меган Маркл разговарала со кралицата Елизабета пред погребот на принцот Филип, пишува еден американски магазин.

Војвотката од Сасекс го следала погребот од својот дом во Калифорнија, бидејќи докторите ја советувале да не патува поради бременоста.

„Меган разговараше со Хари за сѐ пред да замине за Британија, а таа и Арчи се слушнаа со кралциата“ - кажа изворот.

Инаку, Хари во една прилика откри дека тој и сопругата се слушаат со кралицата преку „Зум“ и дека кралицата и покојниот принц Филип така го следеле растењето на Арчи.

„Меган и Хари беа во контакт секој ден во периодот околу погребот. Таа знаеше дека патот во Англија за Хари беше тежок, а тој не сакате да ги остави сами со Арчи. Меган секој ден му повторуваше дека се добро, не сакаше да се грижи“ - додаде изворот.

Хари во вторникот се врати во САД од Велика Британија. Инаку, иако не присуствуваше на погребот, Меган имаше испратено цветен венец на кој се најде и посвета која ја имаше напишано со своја рака.

фото: Profimedia

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: