Ветено - сторено: Мартија Станојковиќ со „Не волиш“ сигурно ќе се најде на сечија плејлиста
Во новогодишното интервју кое го направивме со Мартија Станојковиќ, младата пејачката ни откри дека целата ситуација со пандемијата ѝ ослободила простор да се посвети на себе и на својата музичка кариера, но и дека добила голем елан за работа. Оваа нејзино признание, сега имаме можност да го оцениме.
Имено, таа конечно објави нова песна. „Не волиш“ е песна, која е многу поинаква од сите досега објавени песни на Мартија, а зад неа стојат најпознатиот македонски композитор Дарко Димитров и Владимир Даниловиќ. Интересно е тоа што во режијата на спотот, освен Томислав Живковиќ, дел од својата магија даде и самата пејачката, а мора да признаеме дека истиот изгледа светски.
„Подготвувам песна која што набрзо ќе ја пуштам. Едвај чекам да слушнете што ви подготвивме. Искрено, не сакам да откривам ништо поврзано за песната, нека остане тајна за да бидете изненадени.“ – најави тогаш пејачката, а по ова што имавме можност да го слушнеме, уште еднаш ни се потврди дека таа е девојка од збор и дека тоа што ќе го вети го исполнува.