Ветеринарка го воодушеви Интернетот со тестот кој открива каков е карактерот на вашиот миленик (ВИДЕО)

Ветеринарка го воодушеви Интернетот со тестот кој открива каков е карактерот на вашиот миленик (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Видеото има повеќе од 4 милиони прегледи...

Ветеринарка од Флорида го воодушеви Интернетот со трикот за кој вели дека може да ви помогне да одредите дали вашиот миленик има добар темперамент или не.

Тори Гивен сега живее во Канзас со своето момче и две кучиња и две мачки. Дипломирала на Факултетот за ветерина на Универзитетот Аубурн, а на ТикТок и Инстаграм ги споделува своите совети за грижата и здравјето на домашните миленици.

Гивен во четвртокот сподели видео со своите следбеници, кое од тогаш собра повеќе од 4 милиони прегледи. Во видеото таа ги сподели деталите од „тестот за бесење“.

Очигледно, ако вака ги обесите и ако тоа не им пречи, тогаш тоа се добри мачки“ - кажа таа држејќи мало маче во раката, на кое очигледно не му пречеше тоа.

@ellawatchestv_ #stitch with @doctor_tori the silence  #catsoftiktok #tiktokcats #petsoftiktok #cattok #meow Dangle - The Daylight Titans

„Кога почнав да работам во веринарната амбуланта на 18 години, стариот мудар ветеринар ме запозна со „тестот за бесење“. Неговата теорија беше дека ако го држите кучето или мачето и тоа опуштено се ниша без стрес, тогаш ќе израсне во добро расположено куче или маче“ - појасни Гивен во продолжение.

Видеото ги воодушеви корисниците кои ја преплавија со коментари за да го споделат своето мислење за необичниот тест за темпераментот на миленикот.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: