(ВИДЕО) 4-годишно девојче ги направи првите чекори и ја разубави свадбата на мајка си!
На 4 - годишната Ави и е дијагностицирана спина бифида (отворен 'рбет) веднаш по раѓањето. Девојчето ниту еднаш нема направено еден единствен чекор.
А, сепак одлучило да и направи изненадување на мајка си по повод венчавката.
Имено, Ава била задолжена за цвеќето и бурмите, а морала да ги однесе до олтарот. А, тогаш со стил влегла во салата за венчавање, ги направила своите први чекори и на сите по ред им го разубавила овој ден.
Но, првенствено таа и нејзината мајка овој ден долго ќе го паметат.