(ВИДЕО) Делфи е невиден камерман: Дали тета Елена ќе ја викне на снимање на спот?
Поп пејачката Елена Ристеска не ја крие својата голема љубов кон внука си Делфина. Секое слободно време го користи за биде со неа и постојано споделува фотографии и видеа од нивните дружби.
Во последно време таа е посветена на јогата, а нејзиниот профил изобилува со фотки од нејзините вежби. Но, она што ни го превлече вниманието е видеото кое го сподели Елена. Имено, на видеото Делфи ја снима тета додека вежба.
Покрај видеото тета Елена напиша: „Делфи е невиден камерман. Делфи на јога.“ Како помина оваа дружба на тетката и внуката може да погледнете ОВДЕ.
Дали по ова успешно видео, Елена ќе ја повика својата внука на некое снимање, останува да видиме.