(ВИДЕО) Херој на годината: Малата Хелена игра оро додека прима хемотерапија

(ВИДЕО) Херој на годината: Малата Хелена игра оро додека прима хемотерапија

Објавена во: Совети // Семејство

Малата Хелена Гавран која со неполни 4 години се бори со тумор на мозокот, на сите им одржа лекција за храброст. Таа во болницата во Париз со мајко си игра оро на песната „Миле воли диско“ и тоа додека прима навистина тешка хемотерапија.

„Завчера повраќаше 16 пати. Докторите откриле во што е проблемот и ѝ помогнаа. Многу помага и нејзината разиграност, како што гледате на снимката“ - раскажува нејзината ќерка Јелена.


Девојчето со преубави плави очи и црвенкаста коса на прв поглед делува како сосема нормално здраво дете. После се што поминала, мачните симптоми, прегледи и операции на мозокот, таа сега се смее како ништо да не се случило, а на болничките инструменти гледа како на играчки.

Оваа дијагноза и е поставена на 17 август. Пред тоа поминала неверојатна агонија - секојдневни повраќања, поспаност, раздразливост. Докторите прво мислеле дека е љубоморна на тукушто родената сестричка, но набрзо се открило дека Хелана е сериозно болна.

Овој мал борец вчера го заврши првиот циклус хемотерапија и следниот започнува за три недели. За нејзиното комплетно лекување во Париз недостасуваат околу 250.000 евра.

Доколку сакате да и помогнете на малата Хелена, ТУКА погледнете како може да го направите тоа.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: