(ВИДЕО) Како изгледа новиот Титаник

(ВИДЕО) Како изгледа новиот Титаник

Познато е дека Титаник бил најголемиот и најубавиот брод во тоа време и за него се верувало дека не може да потоне. Напротив, потонувањето на Титаник е најпознатиот бродолом на сите времиња. Всушност бродот не успеал да стигне ни до крајната дестинација на своето прво патување, Њујорк.

Поради санта мраз, од 2.224-те патници, загинале над 1.500, а со тоа судбината на Титаник стана една од најсмртоносните катастрофи во вода.

Ако не сте знаеле Титаник ќе има свој наследник, кој го носи името Титаник II. Неговата изградба стартувала во 2012-тата година, а се очекува да заплови во 2022-тата година. Се гради според конструкција на оригиналниот брод, но со денешна технологија, со која се очекува да не ја доживее судбината на својот претходник.

Бродот ќе биде со должина од 270 метри и ќе има простор за 2.435 патници и екипаж од 427 луѓе. Исто како својот претходник, и овој брод ќе има сместување за прва, втора и трета класа со различна цена. Ќе има различни простории за пушење, кафетерии, ресторани, место за шопинг, казино, театар, па дури и болница. Сепак за да се зголеми безбедноста, овојпат на бродот се наоѓаат 18 моторни чамци за спасување и се сокриени. Секој чамец има капацитет од 250 луѓе, многу повеќе од луѓето што ги собира на бродот.



Можеби ќе ве интересира: