(ВИДЕО) „Мал сумо борец“: Мајка родила бебе кое тежи скоро 6 килограми
Ема Милер минатата недела, во болницата Wollongong, јужно од Сиднеј, на свет ја донесе ќеркичката Реми Францес. Таа и нејзиниот сопруг очекувале големо бебе, но не волкаво. Реми се родила цели 5880 грама и своето бебе Ема го нарекла „мал сумо борец“.
Ема имала гестациски дијабетес и докторите и рекли дека ќе роди дете кое ќе биде поголемо од просекот, но сепак останала запрепастена од огромната тежина на своето новороденче. „Имав гестациски дијабетес па очекував големо бебе, но ова не го очекував. Кога бев на ултразвук во 35 недела ми кажаа дека има околу 4 килограми и мислев дека не може да порасне толку, особено затоа што водењакот одеднаш пукна и завршив на операција“ - раскажа Ема.
„Кога шетам со неа, околу неа секогаш има многу луѓе - сите се распрашуваат за нејзината големина, бидејќи е толку поголема од останатите новороденчиња“ - раскажа Ема.