(ВИДЕО) Познатиот јутјубер ја покажа куќата вредна 2,5 милион долари!
Давид Добрик ги отвори вратите од својата куќа во Лос Анџелес за Јутјуб каналот Architectural Digesta. Погледнете како изгледа неговиот луксуз.
Јутјуберот Давид Добрик има 22 години, а од своите влогови многу добро заработува. Па така за Јутјуб каналот Architectural Digesta ги отвори вратите од својот дом, вреден 2,5 милион долари. Прилични е импресивен.
Добрик во својот дом има полица со наградите од Kids Choice Awards и Streamy Awards. Исто така, има и многу лед лампички за кои вели дека се едноставен начин за декорирање на куќата.
За дизајнот биле задолжени неговиот пријател Реџи Кастро и неговата асистентка Натали Маридуена, а како изгледа неговиот луксуз погледните во видеото.