(ВИДЕО) „Со тебе најдобро е“: По Стеффонатор и GP објави љубовна приказна!
Поминаа неколку дена откако Стеффонатор и Мартија направија бум со својата љубовна приказна, за песната „Шо праеш“, а денес уште еден популарен јутјубер, по кој лудуваат тинејџерките, објави една таква.
Станува збор за GP. Тој не се одлучи за дует, туку соло ја отпеа „Со тебе најдобро е“ и секако сними видео запис, кој изобилува со љубовни моменти помеѓу него и прекрасната Ивана Шикоска, која е дел од оваа приказна. Емотивните стихови и љубовниот видео запис на GP погледнете ги во продолжение!