(ВИДЕО) Тревис во новата песна го опиша раскинувањето: Кајли не му верувала?
Помина скоро една недела од раскинувањето на Кајли Џенер и Тревис Скот, а од ден во ден се поставуваат се повеќе и повеќе прашања. Зошто раскинаа? Дали сето ова е само ПР? Ќе се смират ли?
Некои фанови мислат дека воопшто не раскинале, туку дека станува збор само за ПР потег поради промоција на неговиот нов албум, а некои се уверени дека тој ја изневерувал, па дека затоа прекинале.
Се пишува и затоа дека Кајли, по раскинувањето се дружела со своите поранешни момчиња, но дека мора да постои подобро објаснување на целата оваа приказна. А, тоа објаснување можеби го има во најновата песна на Тревис - „Highest In The Room“.
Оваа песна, според многумина ги отсликува проблемите кои Кајли и Тревис ги имаа во врската и поради кои најверојатно и ја прекинаа истата. ова се значајните делови.
I got room in my fumes (Yeah)
She fill my mind up with ideas
Многумина овде го гледаат признанието на Тревис за тоа колку Кејли го инспирирала да сонува и да ги остварува своите сонови. Откако започнаа да се гледаат, Тревис основал сопствена продукциска куќа Cactus Jack Records, потоа оствари соработка со „Најк“ и извади сопствена линија на облека ASTROWORLD.
She saw my eyes, she know I'm gone (Ah)
I see some things that you might fear
I’m doin' a show, I'll be back soon (Soon)
That ain't what she wanna hear (Nah)
Откако Тревис го откажа концерот во Буфало и рече дека така одлучил зошто не се чувствува добро, подоцна се појавија деталите на тоа откажување. Имено, се наведува дека го откажал концертот бидејќи Кајли го обвинила за изневерување, па одличил да остане дома и да ја реши незгодната ситуација. Наводно неговите концерти и постојани турнеи тешко и паднале на Кајли. Кога биле заедно им било прекрасно, но кога тој не бил покрај неа, Кајли не му верувала и не можела да се избори со тоа, изјавил избор близок на парот.
Now I got her in my room (Ah)
Legs wrapped around my beard
Got the fastest car, it zoom (Skrrt)
Hope we make it outta here (Ah)
When I'm with you, I feel alive
You say you love me, don't you lie (Yeah)
Won't cross my heart, don't wanna die
Keep the pistol on my side (Yeah)
Во овој дел од песната Тревис потполно се предава и признава се што чувствува кон Кајли, но исто така зборува и за тоа дека мора да биде 100% сигурен дека нејзината љубов е искрена за да може да се предаде. Потоа зборува дека не сака да му го скрши срцето и дека покрај неа се чувствува ранливо.