(ВИДЕО) Зошто Интернетот полуде за овој предизвик?!
Доколку на YouTube напишете „Letting The Person In Front Of Me Decide What I Eat“ ќе ви се појават околу 25 милиони видеа. Во ред, можеби малку претеруваме, но овој предизвик е навистина популарен и сите го гледаат.
Очигледно е дека на голем број од нас ни е интересно да гледаме како јадат другите луѓе или што нарачуваат за јадење, па не е ни чудо што овој предизвик е прифатен толку брзо. Го снимаат јутјуберите ширум светот, но и некои од соседните држави, но кај нас се уште не се појави вакво видео.
Причина? Најверојатно храната. Немаме друго објаснување. Во продолжение погледнете неколку видеа од овој интересен предизвик, па доколку ви стане интересен пребарајте уште некој на YouTube.