Видеото во кое сестричка за првпат го држи братчето стана хит: Веќе има повеќе од 6 милиони прегледи (ВИДЕО)
Пристигнувањето дома со мало бебе е грижа за речиси секој родител, бидејќи не знае како постариот брат или сестра ќе реагира на новиот член на семејството. Сепак, малата Брук била воодушевена што првпат го гледа своето помало братче, толку многу што не дозволува никого да му се доближи.
Мајката Франческа сними видео во кое можеме да ја видиме нејзината ќерка Брук како го држи во скут братот Камерон, кој е стар само неколку дена, а неодоливата сцена ја објави на ТикТок.
„Ова е снимено откако јас и Камерон се вративме од болница. Брук буквално не го пушта и не сака ни да ни го предаде“ - напиша таа во описот на видеото, а преслатката сцена ги трогна другите корисници на ТикТок.
@francescabarton18 Bringing baby Cameron home from the hospital. Brooke has taken possession of him and does not want to share!#siblings #bigsister #babybrother #obsessed #family #babies #cutekidvideos #siblingvibes original sound - Francesca
„Покажи ѝ го ова видео еден ден кога ќе порасне и помалиот брат ќе почне да ја нервира“, „Ах, колку слатко, вистинска љубов“, „Ова е прекрасно, не ми се верува како се грижи за него“ - се само дел од коментарите под видеото кое има повеќе од шест милиони прегледи.
фото: Принтскрин / ТикТок