ВИКЕНД ХОРОСКОП: Семејни проблеми за неколку знаци
Овен
Ако имате големи планови за викендов, имајте на ум дека нема да можете да постигнете сè. Подготвени сте целосно да се препуштите на чувствата што ги имате кон вашата сакана личност. Можни се проблеми со главоболки.
Бик
Обидете се да не планирате патувања за викендов затоа што може да имате проблеми и компликации во областа на работата. Личноста што ви се допаѓа покажа дека има повеќе недостатоци отколку што мислевте. Внимавајте на стресот.
Близнаци
Може да очекувате нова соработка што ќе ви биде многу важна за деловната област. Обидете се да се покажете во најдобро светло. Среќни сте во вашата врска со саканата личност. Немате здравствени проблеми.
Рак
Грижата околу еден член од семејството ве оптоварува и викендов ќе имате потреба да му се посветите и да му покажете дека многу ви значи. Оставете ги емоциите на страна и обидете се да се опуштите. Бидете внимателни и не покажувајте нервоза.
Лав
Ги имате сите причини да бидете задоволни со себе, но како нешто да ве тера назад. Имате потреба да се враќате назад и да се преиспитувате. Опуштеноста и самоувереноста која вообичаено ве краси е намалена и пријателите не можат да ве препознаат. Дел од тоа што ве измачува се и некои нерешени семејни проблеми.
Девица
Ги користите сите начини да им се приближите на пријателите и да го обновите контактот што во изминатиот период го имавте прекинато. Вашето повлекување предизвика револт кај пријателите и сега имате желба на некој начин да го поправите односот. Грижата која ќе ја покажете ќе биде навистина искрена и повторно ќе се вратите во кругот на оние кои ви значат.