Вилијам го покажа бицепсот: Принцот се вакцинираше, но нешто друго го привлече вниманието на обожавателите

Вилијам го покажа бицепсот: Принцот се вакцинираше, но нешто друго го привлече вниманието на обожавателите

Објавена во: Живот // Живот

Британскиот принц Вилијам на Твитер објави дека се вакцинирал против коронавирусот, но на многумина вниманието им го привлече нешто друго додека тој се вакцинираше во пунктот во близина на Кенсингтонската палата.

Британскиот принц Вилијам (38), војводата од Кембриџ и вториот во редот за наследување на тронот на Обединетото Кралство, прими вакцината против коронавирусот, но вниманието на светската јавност не го привлече тој факт, колку физичкиот изглед на принцот, бидејќи во моментот кога го крена раковот од блузата го покажа добро оформениот бицепс.

„Во вторникот ја примив првата вакцина против КОВИД-19. На сите оние кои работат во центарот за вакцинација - благодарам за сè што правите и што ќе продолжите да работите за нас“ - напиша принцот на Твитер со својата фотографија на примање вакцина.

On Tuesday I received my first dose of the COVID-19 vaccine.

To all those working on the vaccine rollout - thank you for everything you’ve done and continue to do. pic.twitter.com/8QP6ao5fEb
— The Duke and Duchess of Cambridge (@KensingtonRoyal) May 20, 2021

Сепак, тој не сакаше да открие која вакцина ја примил, но медиумите шпекулираат дека тој примил или Астразенека или Фајзер, бидејќи само тие две се достапни на контролниот пункт каде се вакцинирал, а тие се дозволени за лица помлади од 40 години.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: