Вирална фотографија која крши срца: 5 - годишно девојче го теши својот брат
На 4 - годишниот Бекет во април му е дијагностицирана акутна лимфобластична леукемија. Неговата мајка направила две фотографии. Фотографија на која постарата сестра го теши својот болен брат.
„Една работа која не ја кажуваат за ракот во детството е дека го погодува целото семејство. Секогаш слушате за финансиската и медицинската борба, но колкучесто ви говорат за она низ кое поминува семејството со повеќе деца? На некои ова можеби ќе им биде тешко да прочитаат и видат“ - напиша мајката на момчето, Кејтлин Бурж.
„Моите две деца, помеѓу кои има разлика од 15 месеци, заедно го поминаа патот од играње во градинска и дома до заедничко седење во болничка соба. Мојата тогаш четиригодишна ќерка гледаше како нејзиниот брат го селат на оделот на интензивна нега. Гледаше како докторите му ставаат маска на лицето, како го бодат со игли, му даваат лекови, а тој беспомошно лежи. Не разбраше што му се случува. Знаеше само дека нешто не е во ред со нејзиниот брат, нејзиниот најдобар пријател“ - додаде Кејтлин.